Потпишан договор за ревитализација на пруги од Коридорот 10

Bez autora
Apr 11 2012

ЈП Македонски железници - Инфраструктура и германскиот конзорциум "Вибе & Алпине" потпишаа договор за реализација на проектот Ремонт на пругите Табановце - Карпош - Кумановоо и Миравци - Смоквицаа. Проектот, кој предвидува целосен ремонт на две делници од Коридорот 10 со вкупна должина од 25 километри, ќе се реализира со финансиски средства во износ од 7 милиони евра, обезбедени од македонската Влада преку кредит од ЕБОР. Се предвидува целосен ремонт на долниот и на горниот слој и на сите други елементи на двете делници. Тој посочи дека со средствата од кредитот од ЕБОР во вкупен износ од 17,6 милиони евра се предвидува и ревитализација на делницата Ногаевци - Неготино во должина од 30 километри со што целосно ќе се заокружи Коридорот 10.

Потпишан договор за ревитализација на пруги од Коридорот 10ЈП Македонски железници - Инфраструктура и германскиот конзорциум "Вибе & Алпине" потпишаа договор за реализација на проектот Ремонт на пругите Табановце - Карпош - Кумановоо и Миравци - Смоквицаа.

Проектот, кој предвидува целосен ремонт на две делници од Коридорот 10 со вкупна должина од 25 километри, ќе се реализира со финансиски средства во износ од 7 милиони евра, обезбедени од македонската Влада преку кредит од ЕБОР.

- Се предвидува целосен ремонт на долниот и на горниот слој и на сите други елементи на двете делници - рече генералниот директор на МЖ Инфраструктура, Ирфан Асани.

Тој посочи дека со средствата од кредитот од ЕБОР во вкупен износ од 17,6 милиони евра се предвидува и ревитализација на делницата Ногаевци - Неготино во должина од 30 километри со што целосно ќе се заокружи Коридорот 10.

- По реконструкцијата на овие делници ќе може да се користи со проектираната брзина од 120 километри на час - посочи Асани.

Во врска со Коридорот 8 истакна дека ќе следува потпишување договор со фирмата која ќе треба да ги преработи основниот и изведбениот проект за делот Куманово - Бељаковце.

- Веќе имаме одобрени пари од ЕБОР преку Вест Балкан инструментот за делот од Бељаковце преку Крива Паланка до Деве Баир, а има и одлука со ИПА фондовите за делот од Кичево до Лин во Албанија - појасни Асани.

Со ремонт на пругата ќе се започне од делницата Табановце-Карпош во мај годинава, а рокот за изведба е една година. Последниот ремонт на делниците Табановце - Карпош - Кумановоо и Миравци - Смоквицаа е направен во 1970 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik